Дарко Лешоски се откажа од позицијата претседател на УО на Струшките вечери на поезијата, откако неговото назначување на таа позиција предизвика лавина реакции во јавноста.
Одлуката Лешоски да биде претседател на УО на Струшките вечери на позијата предизвика поделба низ јавноста, а одлуката беше критикувана бидејќи Лешоски бил млад и недоволно искусен за организација на манифестација од калибарот на Струшките вечери на поезијата.
Тој најави дека и покрај тоа што се повлекува од позицијата претседател на УО, сепак стоел на располагање за секаква помош за оваа манифестација.