А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ сака да ги замолкне работниците

by А1он16/08/2017 - 09:12145
Share0

„Владата на СДС сака да ги замолкне работниците.

Добивај вести на вибер

Граѓаните чекаат отворање на нови работни места и повисоки плати, а СДС става рака над синдикатот кој треба да ги штити интересите на вработените.

Граѓаните чекаат просечна плата од 30 000 денари и минимална плата од 16 000 денари, а СДС наместо да го испорача ветувањето го презема синдикатот за да се осигура дека ќе биде задушен секој револт од катастрофалните економски политики.

СДС ја осиромашува државата и граѓаните и креира хаос и несигурност во економијата. Затоа им е неопходно да го преземат синдикат. Затоа не се воздржуваат тоа да го направат и на сила, надвор од законот.

Партиската полиција на Оливер Спасовски, даде асистенција за влез во просториите на ССМ на лице блиско до СДС. Скандалот да биде поголем, тоа е сторено врз основа на решение со кое се одбива неговото барање за упис во Централниот регистар како овластено лице на синдикатот.

МВР на Спасовски постапи надвор од процедура, дозволувајќи партиските наредби да бидат над законот и со закон пропишаните норми.

СДС брза пред најавените покачувања на даноците и придонесите да ги стави синдикатот и работниците под своја контрола, како би си обезбедиле молк за погрешните економски политики кои ги влечат.

СДС сака да ги замолкне работниците и да обезбеди вештачки мир, во очи на најавените даночни зголемувања, кои неминовно ќе генерираат отпуштања.

СДС ги става под своја капа синдикатите и ги замолкнува во пресрет на се поголемите задолжувања кои планираат да ги извршат во идниот период.

Правото на синдикално организирање е загарантирано со Устав и истото не смее да биде загрозувано од ниедна власт.

Одговорност за незаконскиот упад во синдикатот мора да има и ќе има. Хаосот што го креира СДС нема да трае вечно. На неодговорното работење и на насилството што го промовира СДС ќе му биде ставен крај. Сите инволвирани ќе одговараат кога ќе се врати правната држава. Граѓаните ќе почнат да си ја враќаат својата држава на 15 октомври. Тогаш Заев ќе биде казнет за зло- делата што и ги прави на Македонија и нејзините граѓани“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски19/12/2025 - 10:0719/12/2025 - 15:11

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот

Горан Наумовски19/12/2025 - 10:03

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

Горан Наумовски19/12/2025 - 09:06

ВМРО-ДПМНЕ: СДС намерно ја извртува јасната уставно-правна природа на Резолуцијата и продолжува со ширење паника

Горан Наумовски18/12/2025 - 14:54

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

Горан Наумовски17/12/2025 - 20:04

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски17/12/2025 - 18:2217/12/2025 - 18:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен