Човечка грешка без електрична енергија остави компании и станбени згради, оставајќи во неподнослива жега приближно седум милиони домаќинства на островот Тајван, пренесоа британските медиуми.
Падот на електричниот напон зафати милиони станови, канцеларии и фабрики, но имаше ограничени последици за бизнисот на водечките светски технолошки компании, како што е најголемиот производител на чипови во светот и испорачувач на Епл, компанијата „Тајван семикандактер мануфакчеринг“ и производителот на електроника „Пегатрон“.
Денеска веќе целосно е обновено снабдувањето со електрична енергија, јавија локалните медиуми.
Инцидентот предизвика хаос на островот- без електрична енергија останаа ресторани и мали фирми, престанаа да работат семафорите и лифтовите.
Причина за прекинот била техничка грешка на вработен во државната гасна компанија „СПС“, што ја засегнала работата на електроцентралата „Тајван пауер“ во Таојан.
Министерот за економија Ли Чи-Кунг на прес-конференција соопшти дека човекот кој ја направил грешката ќе биде соодветно казнет, а министерот поднесе оставка од морални причини.