3Д божиќен говор на кралицата Елизабета

Од:

Кралицата Елизабета првпат во 3Д техника го одржа нејзиниот традиционален говор по повод Божик, во кој оддаде почит на спортистите на Олимписките и Параолимписките игри и им се заблагодари на Британиците за свеченостите за нејзиниот јубилеј.

Секој 25 декември, од кога стапи на престолот, освен во 1969 година, кралицата се обраќа до Обединетото Кралство и Комонвелтот. Но оваа година, кога го прослави дијамантскиот јубилеј (60 години владеење), Бакингам сакаше да направи нешто посебно и тој говор е објавен во 3Д техника.

Тие кои немаат соодветен телевизски приемник можеа да ја видат кралицата во стандарден формат. Таа им заблагодари на искажаното заедништво и пријателство во текот на прославата на дијамантскиот јубилеј.

Вчера изутрина Елизабета во Сандрингам беше на божиќна миса со нејзиното семејство, но без Кејт и Вилијам.

Би можело да ве интересира

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја