Две радиостаници на островот Гуам, за кој Северна Кореја се закани дека врз него ќе изврши ракетен напад, погрешно ги предупредија жителите за опасност, пишува британскиот весник „Гардијан“.
Радиослушатели во Гуам биле информирани за неопределена закана во текот на ноќта, а тревогата траела 15 минути.
Според властите на островот, кој е на американска територија, предупредувањето всушност било непланирана проверка на системите за известување на населението во случај на вонредна ситуација.
Ситуацијата околу Северна Кореја се заостри по острите закани на Пјонгјанг. Трамп минатата недела се закани дека ќе одговори со „оган и жестина“, кој светот никогаш не го видел, ако Северна Кореја им се закани на САД.