Директор на училиште од Македонски Брод незаконски организирал превоз на ученици и го уштетил буџетот за 2,3 милиони денари

Од:

Полициската станица од Македонски брод поднесла кривична пријава против Т.С. (54) од Македонски брод, директор на ООУ „Свети Климент Охридски“ за злоупотреба на службената положба и овластување и за вршење на јавен превоз без поседување лиценца.

Пријавениот од 2011. до 2016. година, спротивно на Законот за јавни набави и Законот за превоз во патниот сообраќај дозволил превозот на учениците од нивните домови до ООУ „Свети Климент Охридски“ во Македонски брод да се врши со дел со комбиња од основото училиште, а дел со комбиња во сопственост на СОУ „Свети Наум Охридски“ исто од Македонски брод, иако и основното и средното училиште за комбињата со кои се вршел превозот не поседувале лиценци за посебен линиски превоз и превоз на ученици.

Директорот во годишните финансиски планови на расходи, на ставката превозни услуги во образованието, за превозот предвидувал поголеми износи парични средства со кои ги покривал трошоците за незаконски организираниот превоз на ученици. Со ваквото работење пријавениот го оштетил буџетот на ООУ „Свети Климент Охридски“ во висина од 2.396.920 денари.

Би можело да ве интересира

МВР со детали за убиството во Македонски Брод: При чистење на ловечка пушка, пушката испукала еден куршум

Убиство во Македонски Брод: Убиен е 31-годишен професионален војник во АРМ

Ќерка со нож си ја ранила 76 – годишната мајка

СДСМ и коалицијата го презеде мнозинството во Советот на Македонски Брод

Само 11 матуранти, а 22 професори во гимназија во Македонски Брод – Во еден клас ќе матурираат тројца

A1on

Домот на културата во Македонски Брод реализира пет проекти со финансиска подршка од Министерството за култура

А1он