На Крим приведен украински агент кој требало да изврши диверзии

Од:

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) на Крим приведе агент на Службата за безбедност на Украина, кој подготвувал диверзии на Полуостровот.

– Украинскиот државјанин Генадиј Генадиевич Лимошенко, поранешен постар разузнавач од армијата на Киев беше испратен на полуостровот Крим, анектиран од Русија во 2014 година, да изврши диверзии врз инфраструктурни и други објекти, се посочува во соопштението од ФСБ.

Тој на Крим пристигнал на девети август и требал да изврши диверзија на далноводот од градот Судак до одморалиштето Новиј Свет, преку кој се снабдуваат со електрична енергија околу 50.000 жители. Лимошенко имало задачи и да подметни шумски пожари и да создаде услови за свлечишта кои би го парализирале движењето по магистралата од Судак до Новиј Свет.

– На 12 август Г. Г. Лимошенко бешеприведен… во обид да го оштети далноводот во реонот на трасата од Судак до Новиј Свет, се наведува во соопштението на ФСБ.

Кај него биле пронајдени тротил, детонатор, граната, запалива течност и алати, а безбедносните служби трагаат по евентуални сооученици.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски