Продолжува собраниската расправа за разрешување на Зврлевски

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи расправата за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлески.

Предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Исто така, во документот се наведува и дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата, како и поради тоа што не поднел барање за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон и нарушување на угледот на функцијата.

Барањето на Владата, за пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, е неосновано и неаргументирани. Тие се повикуваат на членот 8а од Изборниот законик со кој, како што велат, е истакнато дека сите постапки за назначување и разрешување функционери не смеат да се случуваат кога се објавени избори.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев на вчерашната седница повтори дека пратениците на СДСМ нема да учествуваат, како што рече, во бесмислена расправа што ја водат пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека доказ за тоа е што сите се откажале од нивните дискусии за час поскоро да заврши оваа, како што рече, рашомонијада, оваа бурлеска околу сосема законското и легално разрешување на државниот јавен обвинител.

– За тоа што уште еднаш беше спомнато дека е незаконски или дека не е според Изборниот законик оваа дебата и разрешувањето, ќе повторам дека цитираниот член 8а од Изборниот законик точка 1 став 4, каде се вели дека не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување освен во случај на итни и неодложни работи, не може да се примени врз оваа постапка затоа што ние не разговараме за отпуштање од работа на Зврлевски или за прекин на неговиот работен однос. Не, ние тука зборуваме, тој е јавен функционер кој е избран од страна на Собранието на Република Македонија, рече Тунтев.

Посочи дека Зврлевски нема да биде отпуштен од работа, нема да му престане работниот однос, само нема да биде државен јавен обвинител.

На дневен ред на оваа седница се уште 30-тина точки.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски