Победи на Металург и на Охрид на ракометниот турнир „Струга 2017“

Од:

Екипите на Металург и на Охрид забележаа победи во 3.коло на меѓународниот ракометен турнир „Струга 2017“.

Во рамките од А групата, македонскиот вицепрвак Металург забележа убедлива победа над домаќинот на турнирот Струга со 43-11 полувреме 20-7. Со тоа тимот од Автокоманда го освои второто место во групата, па за противник во дуелот за 3.место ќе го има составот на Охрид кој беше подобар од шведскиот тим Алингсас од 28-27 полувреме 16-14.

Со овие два меча комплетирана е групната фаза, по што познати се и двојките во разигрувањето.

Така, денешната програма (од 18 часот) ќе ја отворат Струга и Алингсас со дуелот за 5.место. По нив ќе следува средбата за 3.место меѓу Металург и Охрид во терминот од 19:45 часот. Во финалето од 21:30 часот ќе играат минатогодишниот победник францускиот Шартр и турскиот тим Бешикташ.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“