ВМРО-ДПМНЕ: МВР е во хаос, граѓаните не се чувствуваат сигурни и заштитени од полицијата

Од:

„Оливер Спасовски нема да може да избега од одговорноста. Одговорност ќе има и мора да има. Залудно Оливер Спасовски се крие зад партиски соопштенија. Најмалку што може сега да стори да си даде оставка од морални причини.

Полицијата раководена од Спасовски застрела две деца. Ова е невиден скандал кој нема да се заборави, колку и да сака да го покрива со апсурдни прес конференции на кои што ќе покажува неизмиени возила. Лицемерието на СДС нема крај. Животите на две момчиња вредат помалку од неизмиено возило. Толку од моралот на Оливер Спасовски и Зоран Заев. За неизмиено возило Спасовски најде време и правеше двочасовни прес конференции, а го нема да им се извини на родителите на момчињата кои за малку ќе беа убиени од неговата полиција.

Срамно и недостојно, дури и за политичар од СДС. Спасовски и Заев работат исклучиво на сопствените интереси и на интересите на неколкумина партиски војници на СДС, а на штета на безбедноста на граѓаните.

МВР е во хаос, а граѓаните не се чувствуваат сигурни и заштитени од полицијата. Спасовски и Заев вршат груба партизација и депрофесионализација, зголемувајќи го хаосот со поставување партиски кадри на началнички функции, кои скокаат по 4-5 нивоа, кршејќи го законот за внатрешни работи и актот за систематизација на институцијата.

Граѓаните бараат одговорност за случувањата и неодговорноста на СДС кои од ден на ден се повеќе ги загρижуваат. Сите постапки на функционерите од СДС ќе се анализираат по смената на власта. Сите кои постапувале спротивно на одребите, до последен ќе одговараат“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: СДС намерно ја извртува јасната уставно-правна природа на Резолуцијата и продолжува со ширење паника

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски