Семејство во Чешка во просек за Божик потрошиле по 1.111 евра, јави Чешкото радио.
Во саботата и неделата низ продавниците во Чешка потрошени се 80 отсто повеќе пари отколку за другите викенди во годината. Во споредба со претходните недели продажбите се згоелмени, бидејќи 10 отсто од Чесите купуваат подароци во последен момент.
Пред две години просечната сума потрошена од семејство за Божикните празници била околу 1.230 евра. Според статистички податоци, оваа година луѓето во таа држава потрошиле повеќе за подароци отколку за прехранбени продукти.