Чесите го прославија Божик со пролетни температури

Од:

Во Чешка за божиќните празници беа измерени невообичаено високи, пролетни температури и во неколку мерни станици ширум земјата паднаа топлотни рекорди невообичаени за овој период од годината.

Според Хидрометеоролошкиот завод, вчера најтопло беше во југозападниот дел на земјата, во местото Влконице со измерени 14,6 степени Целзиусови, јави дописникот на МИА од Прага.

– Измерени беа високи температури од над 10 степени Целзиусови и на многу места кои ги набљудуваме од 1997 година паднаа топлотни рекорди, оцени метеорологот Станислав Рацко.

Сепак апсолутниот топлотен рекорд од 1983 година кога во земјата биле измерени речиси 17 степени не беше надминат.

Според метеоролозите, како и секоја година и оваа, мала е веројатноста за големи снежни врнежи и според нив во регионот еднаш во 10-20 години се случува католичкиот Божик да биде дочекан „во бело“. Наредниот период во Чешка температурите ќе се движат околу петтиот степен над нулата, а ноќните температури ќе бидат значително пониски.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица