Ликовна колонија „Куманово“ од утре до 22 август во Пелинце

Од:

Деветнаесет ликовни уметници од Македонија, Србија, Романија и Франција ќе учествуваат на 43-тата ликовна колонија „Куманово 2017“ која ќе почне утре во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, информираше НУ Музеј Куманово, кој колонијата ја организира со Општина Куманово и со поддршка на Министерството за култура.

– Уметниците ќе работат во класичните техники на ликовно изразување, главно сликарство и скулптура. Во текот на седумдневниот престој тие ќе ја посетат мегалитската опсерваторија Кокино, како и бројните културно-историски знаменитости во околината. За време на нивниот престој е предвидено да се одржи и изложба на дела од минатогодишната продукција на колонијата, во Дом на култура „Кочо Рацин” во Скопје, информираат од Кумановскиот музеј.

Учесници од Македонија годинава ќе бидат уметниците Андријана Мачиев, Новица Трајковски, Тони Чатлески, Милош Милосављевиќ, Марина Цветановска-Мартиновска, Далибор Тренчевски, Кристина Хаџиева, Кристина Божурска и Синиша Кашавелски.

Ликовната колонија „Куманово“ е меѓу најстарите во државава. Интернационална по својот карактер, таа повеќе од четири децении се одржува на различни локации, почнувајќи во манастирот Прохор Пчињски, потоа во манастирот во Матејче, а во последниве години во Пелинце. На колонијата досега учествувале над 400 уметници од светот кои оставиле повеќе од 1300 дела.

Годинава колонијата ќе заврши на 22 август, со изложба од новосоздадените дела.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски