А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Општина Центар започна со санација на простории на објектот на училиштето „11 Октомври“ во населба Пролет

by А1он14/08/2017 - 12:1214/08/2017 - 14:48173
Share0

Општина Центар започна со санација на сутеренските простории на објектот на ООУ „11 Октомври“ во населба Пролет.

Следете a1on на Instagram Instagram

Овој дел од училиштето беше оштетен од поплавата во 2015 година и од тогаш е надвор од употреба. Се стругаат, глетуваат и молерисуваат ѕидните површини, се фарбаат радијаторите и столаријата со мрсна боја. Ќе бидат заменети вратите од просториите кои беа оштетени од поплавата. Уништените подови од ламинат се заменуваат со нови од винилна облога. Со ова ќе се овозможи непречено одвивање на наставата.

Покрај овие две училници, ќе се изврши санација и на кабинетите по музичко и ликовно, работилницата, архивата како и три помошни простории. Општина Центар и за ова, како и за другите училишта кои се на нејзина територија, нарача од ЈП „Водовод и канализација“ да направи физичко-хемиска и микробиолошка анализа на квалитетот на водата и инсталациите. Анализата треба да биде готова до почетокот на учебната година. Паралелно со ова се врши пренасочување на фекалната канализација за да се надминат проблемите со запушувањето и непријатната миризба.

Следете a1on на Youtube YouTube

Ќе се обнови уништената пристапна патека, а проблемот со излевањето од олуците ќе се надмине со насочување во канал со метални решетки.

Целиот зафат за значајната реконструкција и санација е договаран на средбите на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски со родителите и со наставниците, со цел да се создадат сите услови за квалитетен образовен процес.

Градежни активности се одвиваат паралелно и во ООУ „Св. Кирил и Методиј“, ООУ „Коле Неделковски“ и ООУ „Гоце Делчев“.

centar

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски18/08/2026 - 21:0418/08/2026 - 21:51

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 14:55

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ14/08/2026 - 09:4314/08/2026 - 09:48

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он31/07/2026 - 16:55

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Горан Наумовски31/10/2025 - 13:28

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео