Францускиот тим Шартр и турскиот Бешикташ ќе играат во финалето на меѓународниот ракометен турнир „Струга 2017“. Ова е исходот по одиграните средби од 2.коло во кои двете екипи забележаа победи.
Минатогодишниот победник на турнирот Шарт во меч од А групата го совлада македонскиот вицепрвак Металург со со 28-22 полувреме 17-12, со што францускиот тим ја оствари втората победа и го освои првото место во групата.
И составот на Бешикташ се радуваше на втората победа во Б групата, откако турскиот тим со 32-24 полувреме 13-12 го победи Охрид.
Денеска ќе се играат два меча. Од 19 часот на програмата е дуелот меѓу Металург и домаќинот Струга, а во терминот од 20:45 часот ќе стартува средбата Алингсас – Охрид.