Греаното вино му се препишува уште на Хипократ, по кого тоа се нарекува и „хипокрис“. Ова вино се смета за исклучиво здрав пијалок, посебно затоа што во минатото водата не ги задоволувала потребните санитарни стандарди.
Виното содржи голем процент на антиоксиданси, кои го неутрализираат штетното дејствување на слободните радикали кои предизвикуваат многу болести.
Освен витаминот Ц и танинот, одличен антиоксиданс во виното е кверцетинот, кој покажал широка антиканцерогена активност. Затоа лекарите препорачуваат дека за јакнење на имунитетот е идеално да се испие една чаша вино дневно.
Греаното вино уште нашите баби го користеле како лек против настинка, посебно вино греано со неколку зрна бибер. Овој пијалок е корисен посебно и при висока температура.