СДСМ: Случајот за кој денес обвинува ВМРО-ДПМНЕ не е пријавен, ниту регистриран

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

„Преку 11 годишното коруптивно и криминално владеење ВМРО-ДПМНЕ изврши егзодус во здравството, го погази достоинството на лекарите и пациентите и направи хаос во здравствениот систем. Поради коруптивните политики на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во здравството, стотици лекари заминаа од државата, здравствените установи работеа во долгови и без соодветна опрема, пациентите беа понижувани, а здравствениот систем со години беше еден од најлошите во Европа.

За разлика од таквото несовесно раководење, Владата предовдена од СДСМ се фокусира на унапредување на правата на пациентите, подобрување на условите за работа на лекарите и медицинскиот персонал и осовременување на здравствениот систем.

Според официјалните информации од Министерството за здравство, случајот за кој денеска обвинува ВМРО-ДПМНЕ досега не е пријавен ниту регистриран ниту во Министерството, ниту во Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Надлежните институции треба до крај да го расветлат случајот, а ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со ширењето паника и вонземиреност“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он