Во претквалификациите за Светското кошаркарско првенство кое во 2019. година ќе се одржи во Кина, комплетирано е 5.коло во европската зона.
Во групата А во која играат четири репрезентации, победи на синоќешните средби забележаа гостинските репрезентации.
Швадска славеше на гости кај Босна и Херцеговина со 88-72, а Ерменија во Словачка со 92-78. Табела: Ерменија 7 бодови, Шведска 6, БиХ 6, Словачка 5.
Австрија убедливо ја совлада Албанија со 97-63 во дуел од Б групата во која слободна во оваа коло беше селекцијата на Холандија.
На табела водечка е Австрија 5 пред Холандија со 4 и Албанија со 3 бода.
Победата над Македонија против Косово со 87-74 го враќа црвено-жолтите во игра за пласман понатаму, бидејќе сега сите три репрезентации имаат по четири бода.
Табела: Естонија 4, Македонија 4, Косово 4.
И во последната Д група, Бугарија немаше проблеми со Португалија против која оствари вискока победа со 91-65. Бугарите имаат максимални 6 бода, додека Белорусија и Португалија по 3.
Следната претпоследна рунда во претквалификациите на програмата е веќе во среда.