Директорот на албанската полиција Хаки Чако изјави дека соработката меѓу полициите на Албанија и на Македонија, вклучувајќи ги тука и граничните полиции, е одлична и оти таа може да биде пример за сите други полиции.
Ова оценка тој ја дал по посетата на граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница кај Струга, каде престојувал со цел одблиску да се запознае со спроведувањето на мерките за туристичката сезона, но пред се наредбата за заострување на контролите при излез од земјата на албанските граѓани, кои се во насока на елиминирање на загрижвачката појава на азиланти албански државјани во Европската унија.
– Соработка со македонската полиција е насочена кон спречување на меѓуграничниот криминал, органзраниот криминал на недозволена трговија од секаков вид. Нашата соработка е одлична и таа може да биде пример за сите други полиции, посочил Чако.
За време на престојот на Ќафасан, Чако придружуван од Аида Хајнај, директорка на Управата за граница и миграција, во просторите на заедничкиот центар за координација на информаци на полиците на двете земји, оствариле средба со претставници на македонската гранична полиција.
Инаку, албанската гранична полиција од почетокот на месецов, врз основа на наредбата на директорот Чако ги заостри контролите при излез од земјата на албанските граѓани со цел да ја запре загрижувачката појава на азланти-албански државјани во земјите на Европската унија.
Наредбата предвидува 14 препораки со кои полицајците на граничните премини ќе утврдуваат кој од граѓаните не ги исполнува условите за влез и престој во Шенген зоната.
При контролата, покрај другото, треба да се утврди точната адреса каде граѓанинот ќе биде сместен во земјата каде патува, поканата на лицето кое го очекува, повратниот билет, како и финансиската покриеност за перидот на престој.
Исто така Чако нареди и зголемена контролиа врз турстичките агенци, за кои постои сомнение дека вршат органзирани патувања на азиланти.