(ВИДЕО) Црвенковски за ХРТ: Само Милошевиќ и Груевски го хушкале народот и создавале зла крв

Од:

„Виновна за ситуација во Македонија е власта и мнозинството. кое одлучи на сила буџет и и оневозможи на опозицијата да дебатира“, рече вечерва за Дневникот на ХРТ 1, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Со тепање, рече, власта ги исфрли опозициските пратеници.

„Ова е преседан. Со полициска интервенција и насилство ги исфрлија и новинарите.Во Македонија и во сите градови вечерва имаше протест на граѓаните и опозицијата. Бидејќи опозицијата ја исфрлија од Парламентот, нам ни останува уличната демократија “, рече Црвенковски.

Не е нормално, потенцираше, власта да организира протести против опозицијата. Власта кога сака да се дефокусира јавноста, иако се 7 години на власт, организира контра-протести.

„Само Милошевиќ и Груевски го шушкале народот и создавале зла крв.Пучот го изведе власта, го прекршија Уставот и сите закони. Македонија од вчера е полициско-партиска а не парламентарна држава“, рече Црвенковски во интервју за ХРТ 1.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ