Ирачките Курди ќе се придржуваат до планот за одржување на референдумот за независност на 25. септември и покрај барањето од САД за негово одложување, изјави денеска висок курдски претставник.
– Датумот останува, 25. септември, нема промена, изјави Хошијар Зебари, коментирајќи го барањето упатено од американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.
Зебари е близок советник на претседателот на Ирачки Курдистан, Масуд Барзани.