Колариќ: Граѓаните во октомври ќе ја казнат владата на СДСМ за нејзината неспособност и партизацијата на институциите

Од:

Светлана Колариќ, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во изјава за медиумите рече дека на лагата ѝ се кратки нозете и тоа уште еднаш се покажало како вистина во првите месеци на работата на новата владата. Како што кажа таа СДСМ во предизборите ветувале департизација на институциите и професионални кадри, а наместо тоа сме добиле партиски војници, соросоиди, платеници револуционери и неадекватни кадри за директори на државни институции.

– Капацитетот на 67 институции ќе биде сведен на нула поради бруталната партизација на институциите која ја спроведува владата на СДС. Тие уште еднаш потврдија дека едно зборат, а друго прават кога ќе дојдат на власт. Сонот на Курто Дудуш со кој партиската книшка на СДСМ ќе стане втора лична карта во Македонија полека, но сигурно станува реалност во Македонија на штета на сите граѓани на Република Македонија. Граѓаните ќе ја плаќаат цената за партизацијата на институциите. Наместо професионална услуга и институции кои им служат на граѓаните тие ќе добијаат институции кои му служат на Зоран Заев, СДС и оние со члеснка книшка од СДС, рече Колариќ.

Според неа, додека граѓаните очекувале исполнување на ветувањата за просечна плата од 30 илјади денари и минимална плата од 16 илјади денари како и плата од 100 илјади денари за лекарите, СДСМ го плаќале цехот кон шарената револуција, невладините организации и партиските потрчковци.

– Борјанчо Мицевски, Александар Донев, Александар Младеновски, Џељо Хоџиќ револуционата реторика ја заменија за директорска фотеља во државните институции на грб на граѓаните. Квази револуционерот Александар Младеновски во една фамозна изјава каде се повикуваше на максимата „Еден за сите, сите за Еден“ најверојатно мислел „Еден за сите, сите за фотеља“. Понатаму во својата изјава вели „Од утре ќе го блокираме Скопје се додека не се исполнат сите нашите барања“, веројатно мислел дека ќе протестира се додека не добие директоска фотеља. Најтрагично од се е што платеничките револуционери кои одработуваат за Заев, сега Заев ќе си ги исплаќа со пари на граѓаните, рече Колариќ.

Таа додаде дека македонскиот народ е умен и лесно препознавал кој лаже, а кој ја говорел вистината. Како што кажа Колариќ, македонскиот народ знае да ја казни неспособноста и непрофесионалноста на секој еден македонски политичар и дека тој ја препознал уште на самиот почеток, платеничката револуција на СДСМ и ги казнил со пораз на парламентарните избори во декември.

– Па така граѓаните набрзо на локалните избори на 15-ти октомври повторно ќе ја казни владата на СДС за нејзината неспособност и брутална партизација на институциите и откако целосно ќе ја делегитимира, и предвремените парламентарни избори ќе бидат неизбежни. На предвремените парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи и набргу ќе се врати професионалноста во македонските институции како и напредокот на целата земја, заврши Колариќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: СДС намерно ја извртува јасната уставно-правна природа на Резолуцијата и продолжува со ширење паника

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски