ВМРО-ДПМНЕ: Министерот Николовски наместо да шета по странство и ужива, да преземе соодветни мерки за пожарите

Од:

„Пола Македонија гори, a Љупчо Николовски шета по плажи во странство.

За неполни три месеци од владата на СДС излезе на виделина нивната неспособност и негрижа за проблемите и потребите на граѓаните.

Поради несериозноста на Заев и Николовски изгоре над 2.5 илјади хектари шума или опожарена е дрвна маса од околу 12 илјади кубици.

Во Република Македонија активни се 15 пожари, а министерот Николовски единствени мерки што ги презема е да се намачка со крема со повисок фактор за да не изгори на августовското сонце на луксузните плажи. Конкретни мерки за справување со огнената стихија нема.

Неспособната влада на Заев дозволи пожарите низ државата неконтролирано да се шират и да ги загрозуваат животите, куќите и имотот на граѓаните.

Доколку пожарите биле подметнати, зошто досега надлежните институции не открија сторител или пак посочија ефективни мерки кои ќе превенираат ново подметнување на пожари.

Граѓаните бараат неспособниот министер наместо да шета по странство и да ужива, да се огласи на нивните повици и да преземе соодветни мерки.

Поради ваквото несовесно работење, неспособност да се справат со предизвиците и да ги решат проблемите на граѓаните, на 15-ти октомври СДС ќе се соочи со политичка одговорност и ќе биде делигитимиран од народот“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Дали Богоев местел тендери додека ја водел Царинската управа?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални