ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните сакаат владата која чесно ќе работи, а не да мисли како од нив да украде

Од:

Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите кажа дека владатана СДСМ продолжила да ја скандализира македонската јавност и дека Заев во владата собирал лица од целиот регион фетени во извршување на кривично дело и мислел на тој начин да ја води државата.

-Зоран Башановиќ е новиот специјален економски советник на Зоран Заев, кој во итна постапка доби македонско државјанство, а е човек кој зад себе има досие на човек апсен за кражби во САД. Башановиќ е класичен клептоман, тоа го потврдува фактот што тој како познат бизнисмен, естраден менаџер и сопственик на телевизија, се впуштил себе си во кражба на ќебиња во Флорида, во вредност од 1.050 долари, изјави Стојаноски.

Според него, во случајот на Башановиќ било повеќе од јасно дека не станува збор за кражба од сиромаштија, туку за класична клептоманија и нагон за кражба.

-Јавноста се прашува во што тоа Башановиќ ќе го советува Заев? Дали можеби Заев е импресиониран од неговите способности и фат, па мисли дека токму тој е вистинскиот човек кој ќе го советува како треба да работи. Заев со поставувањето на ликови како Башановиќ упатува јасна порака до јавноста како планира да работи идната Влада, рече Стојаноски.

Како што кажа тој, граѓаните на Република Македонија сакале нивната влада чесно да работи за нивно добро, а не да мисли како од нив да украде.

– Заев и СДС заради ваквата неодговорност и неспособност ќе се соочат со политичка одговорност на следните локални избори и ќе бидат целосно делегитимирани од страна на граѓаните, рече Стојаноски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот ќе биде насочен кон развојни проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира