Митревски: Ништовно решението на министерката Царовска

Од:

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Живко Митревски денеска ги оквалификува како неточни, неосновани и неаргументирини вчерашните реакции од Министерството за труд и социјална политика откако тој упати обвинувања дека ресорната министерка Мила Царовска донела решение со кое сака да изврши незаконска смена на актуелното раководство.

– Решението на Мила Царовска бр.08-8191/14 од 4.8.2017 година е ништовно бидејќи е спротивно на Конвенцијата на МОТ бр.87 член 3 и 4 за слобода на синдикалното организирање каде јасно е наведено дека државни органи и сите други власти не смеат со никаков акт да се мешаат во слободата на синдикалното организирање и слободата на избор, изјави Митревски.

Според него, никогаш не бил одржан Советот на ССМ согласно Статутот на ССМ на кој се повикувало Министерството. – Со седниците на Советот на ССМ претседава претседателот на ССМ, иницијатива за промени се поднесува до Претседателството на ССМ – никогаш не била поднесена, за таа иницијатива се изјаснуваа синдикатите и никогаш не се изјасниле за промена, изјави Митревски.

Тој додаде дека се надева оти Владата, како што рече, ќе го осуди обидот за насилна промена на легитимно избраниот претседател на ССМ и оти Царовска ќе биде разрешена.

Го охрабрува, како што рече, „Централниот регистар доследно да ги спроведува наредбите на Обвинителството и заклучоците да не се изврши промена во Централниот регистар како и да се почитуваат судските одлуки кои забрануваат промена на претседател на ССМ“.

Би можело да ве интересира

ССМ најави протест на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Трендафилов: Владата во овој момент не е против зголемувањето на минималната плата

Горан Наумовски

Доколку не се зголеми минималната плата, ССМ најавува генерален штрајк

Горан Наумовски

Трендафилов: Да донесеме одлука пратениците да бидат на минимална плата до наредното зголемување

Горан Наумовски

Дали ви личи дека ми е гајле што мислите за мене, лидерот на ССМ со порака до власта

Катерина Ѓуровски

ССМ: На 2 април на улица ќе кажеме дека платите на работниците мора да се зголемат

А1он