Жителите на Гуам стравуваат од нуклеарен напад

Од:

Малиот пацифички остров Гуам дојде во центарот на вниманието на светската јавност, откако Северна Кореја вчера објави план за ракетен напад врз оваа американска територија во западниот дел на Тихиот Океан.

Ваквата најава од Пјонгјанг предизвикува загриженост кај 160-те илјади жители на Гуам дека нивниот остров би можел да биде жртва на евентуален конфликт меѓу САД и Северна Кореја.

Островот Гуам е американска прекуморска територија уште од 1898 година. Тој е најблиска американска територија до Северна Кореја, која од Корејскиот Полуостров е оддалечена околу 3.000 километри.

Аналитичарите проценуваат дека евентуален севернокорејски ракетен напад врз Гуам ќе претставува „чиста демонстрација на сила“, но и доказ дека ракетната програма на Северна Кореја е во постојан прогрес.

„Вашингтон Пост“ пред неколку дена излезе со тврдење дека Северна Кореја произвеала „минијатурна нуклеарна боева глава“, кој би можела да ја понесе интерконтинетална балистичка ракета.

Стратешкото значење на Гуам е и во тоа што на него се наоѓа американска веона база опремена со противракетниот систем ТХААД, кој може да пресретнува интерконтинентални ракети. Во оваа база се стационирани околу 7.000 американски војници, како и бомбардери од типот Б-52, кои имаат можност да носат и атомски бомби.

Со деталниот план за напад врз Гуам, што вчера го објави Северна Кореја, се предвидува истрелување балиситчки ракети кон островот, кои би паднале во водите на Тихиот Океан на околу 30 до 40 километри од гуамските брегови.

Во најавата од Пјонгјанг беше посочено дека планот следната недела ќе му биде презентиран на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, по што тој ќе донесе одлука за „понатамошните чекори“.

Јапонија и Јужна Кореја најавија „жестока реакција“ доколку Пјонгјанг продолжи со подготовки за реализација на ваквиот план, а евенталното лансирање на ракети кон Гуам ќе ги приниуди САД на реакција за нивно пресретнување, што би можело да доведе до ескалација на насилството.

Во вакви услови, се повеќе растат загруженоста и стравот меѓу жителите на Гуам, кои се американски државјани, но немаат право на глас на изборите во САД.

– Се плашиме. Мораме да се подготвиме доколку се случи нешто и се молиме на Бога да не се случи ништо. Сите сме во паника, изјави 56-годишната жителка на Гуам, Дејзи Мендиола за магазинот „Тајм“.

Весникот наведува дека жителите на Гуам стравуваат дека актуелната американска Администрација нема да може да најде мирен излез од кризата, која од ден на ден се повеќе се вжештува.

„Тајм“ пренесува изјава на локланиот адвокат Тод Томпсон која вели дека закани имало и порано, но не реагирал на нив, бидејќи верувал дека „студените глави во Вашингтон ќе го решат проблемот“, но оти сега веќе не е сигурен во тоа.

Магазинот наведува дека и покрај зголемените стравувања на жителите на Гуам, засега се уште никој од нив не го напштил островот, ниту пак е регистрирано создавање резреви на храна.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт