А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Митревски: Обид за незаконска смена на раководството на ССМ

by А1он10/08/2017 - 13:04194
Share0

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Живко Митревски денеска изнесе тврдење дека има обид за незаконска смена на раководството на ССМ, како што рече на прес-конференција, од страна на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и партијата која што ја застапува.

Добивај вести на вибер

– И понатаму претседател на ССМ и секретар на ССМ се Живко Митревски и Методија Димевски, рече Митревски, потенцирајќи дека имало обид да се промени раководството во ССМ со лица кои не се членки на тој синдикат.

Митревски нагласи дека процесот за постапка за промени исклучиво е работа на 13.те синдикати здружени во ССМ кои пак се единствени кои согласно Статутот можат да извршат промени на раководството врз основа на постапка која оди помеѓу синдикатите и врз основа на одлука на Советот и Конгресот на ССМ. Вакви постапки немало, а тоа го потврдија и претходно 13 грански синдикати здружени во ССМ, рече Митровски.

Тој додаде дека и „претходната министерка во овој ресор Фросина Ременски направила неуспешен обид за смена на раководството на ССМ“. Постапката, тврди Митревски, била запрена заради тоа што била врз основа на фалсификувани исправи и дејствија спротивни на законот, Уставот и меѓународните конвенции.

– Ваква насилна промена не може да се случи бидејќи постои наредба од ОЈО за да се спречат сите обиди за промена на претседателот на ССМ и раководството на ССМ, постојат два заклучока на Централниот регистар со кој се прекинува секаква постапка за менување на претседателот на ССМ, а исто така постои Решение на Управниот суд со кое што предлогот за промена на друго лице во ССМ се одбива, рече Митревски.

Соопшти дека против Царовска поднеле кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“, а доколку таа не го повлече, како што рече, незаконското решение, побара нејзина оставка или разрешување.

Како што рече Митревски, ССМ заедно со КСС како втор репрезентативен сидникат бараат средба со премиерот Зоран Заев заради, наведе, обидите за нарушување на репрезентативно социјалниот дијалог.

socijalassm

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За Мицкоски, протестот на Синдикатите е „вообичаена активност за 1 мај“

Катерина Ѓуровски01/05/2026 - 13:14

„За плата се бориме, не се молиме“, работниците на првомајки протест

Катерина Ѓуровски01/05/2026 - 12:48

Првомајски протест на Синдикатите, посебен режим во Скопје

Катерина Ѓуровски01/05/2026 - 07:44

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

Горан Наумовски29/04/2026 - 13:24

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари

Горан Наумовски20/04/2026 - 12:21

Трендафилов: Повеќе од три години откако Дарко Димовски не е повеќе меѓу нас, водат постапки обидувајќи се да докажат дека тој не е претседател на ССМ

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 14:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто