Детската градинка во Виница ќе се уредува

Од:

Општина Виница со средства од Швајцарската агенција за развој и соработка, како и со сопствени средства ќе учествува во партерното уредување на детската градинка „Гоце Делчев“ во градот.

Во распишаниот тендер за избор на поволен понудувач се планира партерно уредување на кругот на градинката на површина од 80 метри квадратни кои треба да се поплочат како и изградба на еден летниковец кој ќе служи на дечињата за одмор и рекреација надвор од занималните.

Средствата во износ од 360 илјади денари се обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка како и со додполнителни средства од буџетот на општина Виница. По изборот на поволен извдувач на работите се очекува целосното завршување на прокетот да трае два месеци.

Со овој зафат детската градинка „Гоце Делчев“ сместена во централното градско подрачје на Виница ке стане попријатно место за престој и одмор на децата од претшколска возраст. Инаку градинката со реновирањето и доградбата на уште две занимални целосно ги исполнува потребите за згрижување на деца од градот Виница.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за маж од Виница кој со камења на познаник му го скрши черепот и е во кома

Горан Наумовски

Обвинителството денес започна истрага за опожарената фабрика во Виница

Фабриката „Винчини“ ќе ја обновиме и тоа пак во Виница, но потребно ни е време за тоа, велат од „Макпрогрес“

Обвинителство не може да почне со увид, пожарот во „Макпрогрес“ не е целосно изгаснат

Во Болницата во Кочани задржани се четворица пожарникари со полесни изгореници, осуммина се на Токсикологија во Скопје

18 повредени во пожарот во Макпрогрес-Винчини во Виница

Катерина Ѓуровски