Андоновска: СДС и Таравари го ставаат здравството под капа на белата мафија

Од:

„СДС и Таравари вршат вистински масакар во македонското здравство, а од здравствените установи прават семејни фирми на неколку фамилии блиски до власта.

СДС и Таравари ги ставаат здравствените установи под контрола на сопствениците на веледрогериите и белата мафија од времето на претходните владеења на СДС.

По назначувањето на митаџиите од типот на Нетковски, Барбов и Докиќ за директори на скопските клиники, СДС се одолжува и кон белата мафија, именувајќи ги Елена и Христијан Костови и Ирина Пановска за директори на едни од најголемите здрвствени установи во државата. Кога граѓаните помислија дека виделе се од СДС, СДС е тука да ги демантира. СДС и Таравари ја именуваа Софија Пејкова, снаа за син на сопственикот на веледрогеријата АДРИА МЕД, Коле Пејков, за директор на клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

СДС и Таравари го ставаат здравството под капа на белата мафија, кои се испреплетени во пријателски врски со врвот на СДС. Таравари со своите именување за директори на лица осудени криминалци, фатени митаџии, и членови на најтесното семејство на сопственици на веледрогерии, и порачува на јавноста, дека не сака професионализација на здравството, туку преклопување на здравството со кадри блиски до власта, сврзани во фамилијарни бизнис шеми со врвот на СДС.

Поставување на лица за директори во здравствени установи кои се во роднински врски со сопственици на веледрогерии се потенцијален ризик за корупција и создавање на нелојална конкуренција на пазарот помеѓу веледрогериите, со што се фрла сомнеж дека една фирма секогаш би била во поповолна ситуација во однос на другите на повиците за јавни набавки во здравството.

Заради ваквата неодговорност и неспособност СДС ќе се соочи со политичка одговорност на следните локални избори и ќе биде целосно делегитимирана од страна на граѓаните“, изјави Марија Андоновска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски