Џихадистичката ИД упати закани до Иран за нови терористички напади во главниот град Техеран.
Во видео запис објавен од информативната агенција на ИД, Амак, младите Иранци се повикуваат да почнат со џихад во својата татковина.
Во видеото прикажани се инсерти од двата напада во иранскиот главен град во јуни за кои одговорност презеде ИД. Во тие напади загинаа најмалку 18 луѓе. Агенцијата наведува дека Иран е еден од најголемите непријатели на Блискиот исток.