Шефот на Пентагон, Џејмс Матис, денеска ја повика Северна Кореја да престане со развојот на нуклеарното оружје и да прекине со разгледување на акции кои, како што кажа, ќе доведат до „уништување на севернокорејскиот народ“.
„Демократска Народна Република Кореја мора да го избере прекинот на самоизолацијата и се откаже од развојот на нуклеарното оружје“, се наведува во соопштението на Матис, пренесено од американските медиуми.
„Северна Кореја мора да престане со разгледување на акциите кои ќе доведат до крај на нејзиниот режим и уништување на сопствениот народ“, се додава во неговото сооопштение.