СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против добрососедските односи, МНР ја зајакнува меѓународната позиција на Македонија

Од:

СДСМ во пишана реакција оцени дека со поднесената интерпелација за министерот за надворешни работи Никола Димитров, ВМРО-ДПМНЕ останува заробена во минатото и политиките на поделби, изолација, раздор и конфликти со што продолжува да работи на штета на државните и интересите на граѓаните.

– Со неоснованата интерпелација, ВМРО-ДПМНЕ докажува дека е против евро-атлантските интеграции и добрососедските односи и против решавање на отворените прашања, како што беше потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија. Договорот помеѓу Република Македонија и Република Бугарија е целосно во согласност со националните интереси на нашата држава и во согласност со интересите на граѓаните на Македонија и на Бугарија. Договорот е основа за пријателство и взаемен успех на двете држави, а неговото потпишување е заеднички успех на сите досегашни влади и на сите граѓани. Целиот демократски свет го поздрави Договорот како значаен чекор во евро-атлантските интеграции и зајакнувањето на регионалната и меѓународна позиција на Македонија, стои во реакцијата.

Според СДСМ, залудни се сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку неиздржани интерпелации да се обидуваат да ја држат Македонија во изолација и да ги кочат реформите што носат добро за сите граѓани.

– Македонија оди напред. Преку посветената и отчетна работа на Министерството за надворешни работи и министерот, Македонија ги отвора евро-атлантските перспективи и ја зајакнува регионалната и меѓународна позиција, што ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја урнисуваше, се посочува во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он