Службениот пиштол на Горан Грујовски вратен во МВР, од него ни трага ни глас

Од:

Службениот пиштол на поранешниот началникот на Петтата управа во МВР, Горан Грујовски, е вратен во МВР, но од него сè уште нема ни трага ни глас. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска информира дека во меѓувреме им е прекинат работниот однос на Горан Грујовски и Никола Бошкоски, кои се во бегство од 26 јули.

Спасовски вели дека полицијата ги презема сите мерки во однос на двајцата вработени во МВР за кои е подигнато обвинение, а се во бегство.

„Се преземаат сите мерки за да дојдеме до податок каде се наоѓаат за да се реализира судската одлука за притвор. Поради тајноста на постапката, не можам да соопштам повеќе детали. И двајцата веќе немаат никакви права од работниот однос, а службеното оружје на Горан Грујовски е вратено во МВР“, вели Спасовски.

МВР на 26 јули не ги најде дома двајцата обвинети од СЈО во предметите „Тврдина“ и „Таргет“, на кои Апелациониот суд на 18 јули им одреди притвор, по што распиша меѓународна потерница.

Двајцата се обвинети од СЈО за нелегално прислушување илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало за да нема докази за масовното кршење на човековите слободи и права. Тоа се предметите на Специјалното обвинителство „Тврдина“ и „Таргет“, кои сега се споени во еден предмет.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР