Зошто Индија и Пакистан меѓусебно се мразат?

Од:

Економист – Лондон

Секое попладне на зајдисонце, на половина пат меѓу „пушка“ правиот пат меѓу Амристар и Лахоре, ривалски одреди составени од униформирани војници маршираат според британска воена вежба од 17-от век позната како „Победи го повлекувањето“. Се издаваат гласни команди, се испалуваат сигнални ракети и се наредува сигнал за ненадеен противнапад. Но потоа, симпатично, и едногласно, непријателите си ги гушкаат своите национални знамиња. Ривалските бранители куртоазно се ракуваат, а граничните рампи остануваат спуштени преку целата ноќ.

И додека Индија и Пакистан ќе го прослават својот близначки 70-ти роденден, сега во август, граничните пунктови во Вагах ја истакнуваат длабоката дисфункционалност во нивните односи. На својата страна, Пакистан изгради голем амфитеатар за љубопитните маси кои доаѓаат да го гледаат ова шоу. Индијците, не помалку на број, изградија нешто повеќе – стадион за 15,000 гледачи. Но вистинскиот број на патници кои всушност ја минуваат границата ретко надминува неколку стотини неделно.

Смешните шапки и марширањата имаат своја сериозна функција. Точната прецизност на претставата; кореографската комплексност помеѓу двете страни; и фактот дека војниците и масите народ изгледаат, се однесуваат и зборуваат прилично исто – сето ова си има своја причина за подигнувањето на чувството на натпреварувачкото ривалство помеѓу тимовите. Без разлика колку се лоши нештата меѓу нас, изгледа дека ритуалот има за цел да каже дека знаеме дека е ова само игра. Имено, игра меѓу Индија и Пакистан многу често се свртува кон сериозно.

По крајот на Втората светска војна, Британија се соочи со две бунтовнички групи во својата бурна индиска империја, огромна мешавина од тенички, лингвистички и религиозни групи (од кои половината биле директно администрирани, а втората биле дел од „принцовите држави“ под управување на 565 наследни владетели кои биле покорни на британската круна). И сите тие сакале независност. Но иако Конгресната партија на Махатма Ганди имала план за унифицирана федерална држава, Муслиманската лига на Михамед Али Џина сметала дека 30-те проценти муслимани кои живееле на континентот треба да си оформат сопствена држава затоа што постоел ризок од притисок од доминатното хинду мнозинство. Општински нереди го предизвикале Лордот Моунтбатен да ја донесе последната сурова одлука на Британија. Тој ја поделил земјата на две – или поточно три затоа што новата држава Пакистан е во два дела, поделена со 2.000 километри долгата граница на раздвојување со новата држава Индија.

Кога биле прогласени двете нови држави во средината на август 1947, постоела голема надеж дека поделбата ќе донесе мир и ред. Биле исцртани границите на мапи, и детална листа на имоти и персонал, се до инструменти во амриските бендови, и биле доделени на двете страни. Но плановите уште веднаш пропаднале во хаос и насилчна размена на население при што загинаа еден милион луѓе а 15 милиони биле иселени од своите домови.

Во следните месеци избила формална војна. Таа завршила со поделбата на принцовата земја Кашмир на две, со што се создала 750 километри долга граница која е постојаа причина за спорење. Уште два пати, во 1965 и 1971 година Индија и Пакистан започнувале тотални и безмилосни а војни. Втората, кога Индија го поддржувала герилското востание во бенгалското говорно подрачје во Источен Пакистан, доведе до создавање на уште една горда држава, Бангладеш, но цената за тоа беа барем половина милион мртви цивили затоа што Западен Пакистан брутално се обидуваше да го задуши револтот.

Дури и периодите на релативен мир не биле нешто посебно мирни. Во девеесетите, Пакистан подржувал герилско востание во индиски Кашмир во кое барем 40,000 луѓе го загубиле животот. Во 1999 пакистански трупи освоиле некои планиснки врвови во регионот Каргил, кои подоцна Индија повторно ги поврати во жестоки битки на големи височини. Прекинот на огнот во Кашмир кој се одржал до 2003, не ги одвратил оружените групи поддржани од Пакистан повторно да навлезат во Индија. Пакистан тврди дека Индија исто така потпомагала субверзивни групи.

Аналитичарите гледаат шаблон во ова взаемно малтретирање: било кога политичарите од двете страни да тргнат кон мир, се нешто гадно тргнува да се случи. Вообичаено, овие циклуси почнуваат со напад врз индијски војници во Кашмир од дојденци од Пакистан, што предизвикува индијската артилерија да одговори, а тоа пак ги предизвикува пакистанците исто да возвратат. Таков циклус започна на крајот на 2015 што ја предизвика можеби за чудо, посетата на домот на пакистанскиот премиер Наваз Шариф од страна на неговиот индијски колега, Наредндра Моди. Но надежите за овој позитивен напредок беа засенети од нападите на џинадистички натрапници врз една индијска воздушна база. Уште еден самоубиствен бомбашки напад врз воен камп во близина на границата одзема животи на 19 војници. Соочени со гневот на јавноста, Моди нареди пожесток одговор отколку што е вообичаено и испрати командоси во Пакистан. Во минатото, Иднија премолчуваше дури и кога беше напаѓана, и оставаше Пакистан да се вади од ситуациите. Овој пат владата на Моди тргна дипломатски да го изолира Пакистан, засилувајќи ги обидите зад сцената да ја смири тензијата и да испука неиспровоцирани оружени дејствија преку границата со Кашмир.

Индија го изгуби трпението и тоа е разбирливо. Таа има шест пати поголемо население од Пакистан и економија која е осум пати посилна, но сепак се наоѓа во ситуација да биде многу пати почесто провоцирана отколку што самата таа провоцирала. Кога националистичката хинди партија Бхаратија џаната (БЏП) дојде на власт во 2014, вети дека ќе ја набилда инаку лабавата надворешна полутика на Индија. „Индија за првпат е проактивна, а не само да одговори“, рече Сушант Синг, воен историчар и новинар. „Ова е голем пресврт“.

Сепак, упорноста на Моди го подига ризикот од опасна ескалација. „По една рутинска операција, непријателствата можеби, но и немора да ескалираат; по објавената операција тој ќе има само една опсција: да ескалира“, пишува Пратар Бану Мехта, еден од најценетите интелектуалци во Индија.

Без разлика дали Индија или Пакистан се доволно тврдоглави да дојде до сериозен судир нема да биде толку важно ако ги користат конвенционалните војски. Но тие се опремени со повеќе од 100 нуклеарни боеви глави, заедно со ракетиоте кои треба да ги носат. Откако и двете држави ги открија своите нуклеарни потенцијали во 90-ите, оптимистите кои мислеа дека „балансот на терор“ ќе ги охрабри да бидат поумерени се покажа само делумно точно. Индијците се жалат дека биле уценувани. Пакистан знае дека ризикот од нуклеарна ескалација ги сопира соседите поробустно да одговорат на неговите провокации. Она што загрижува е што Пакистан исто ја отфрла нуклеарната доктрина да не се реагира прв. Наместо тоа, тој распореди помалку моќни нуклеарни боеви глави како пружје за борбено поле, и покрај ризикот од неуспехот од неговата употреба може да им наштети на сопствените цивили.

Индија се држи до доктрината прва да не употреби нуклеарно оружје, но нејзиното воено планирање се смета дека вклучува сценарио за масивен конвенционален блицкриг со цел да се освои дел од територијата на неепријателот и разбивање на напаѓачкиот капацитет на Пакистан пред тој да одговори. Арсеналот на Индија вклучува хиперсонични Брахмос 3, најбрзите крстосувачки ракети, кои можат прецизно да испорачаат 300 кг. Товар до било која цел во Пакистан. Нивната верзија која се лансира од воздух може да стигне до Исламабад за две минути, а до лахоре за помалку од една минута. А во најстрашните пресметки, Индија, која е четири пати поголема по територија од Пакистан, самата смета дека е поспособна да апсорбира нуклеарен напад.

Оние кои најгласно алармираат можеби ќе се покаже дека грешат. И двете држави се наклонети за тактики со тропкање на оружјето, но и двете се сосема свесни дека цената за тотална војна би била огромна. И покрај неизвесностите со подемот на Кина, проблемите со Афганистан кои продолжуваат и непресметливоста на САД на чело со Доналд Трамп, меѓународната заедница сеуште изгледа дека ќе биде способна да ги одвои Пакистан и Индија ако биде потребно за тоа.

Сепак, како што би стоело во овој специјален извештај, и Пакистан и Индија би требало поотворено да ја признаат цената, кон себе и кон поширокиот регион, од седум децении горчливата поделеност. Ова вклучува не само она што тие ќе треба да го потрошат, во животи и вредности, од голема војна и одржување на воена подготвеност во текот на неколку генерации, туку неизбежната шанса на цената за продолжување на плодната размена помеѓу делови од истиот потконтинентален простор кој во минатото отсекогаш бил отворен едни за други. Трговијата помеѓу двата ривали изнесува едвај 2,5 милијарди долари годишно.

Непрекинатото непријателство исто ја измести и меѓународната полтика, посебно во Пакистан, каде неконтролираните генерали постојано ја саботираат демократијата во име на националната безбедност. Пакистан исто страда и на културена план; ограничена заради својата природна територијална заробеност на потконтинентот, таа се повеќе се отвора кон арапскиот свет, и кон влијанието на помалку синкретски и толерантни форми на исламот. За Индија, непријателството со Пакистан ја натера да се оддалечи од секуларните вредности и да тргне кон позатворени пполитики за својот идентитет.

Рефлексниот страв од Индија ги натера пакистанските генерали да се вмешуваат во Афганистан, кого го гледаат како стратешки двор каде не му е дозволено на ниту една странска сила да се вмеша. За возврат, Индија, заради постојаните провокации од Пакистан, стана понервозна кон своите помали соседи. Заради тоа меѓурегионалната трговска размена со малите соседи изнесува едвај пет проценти од севкупната размена на потконинетот, во споредба со повеќе од една четвртина во Југоисточна Азија. И не изненадува што Пакистан се отвара кон Кина, која му нуди финансии, трговија и поддршка од суперсила.

Целта на овој специјален извештај е да ги открие причините за ова нерационално непријателство, и да ги истражи спротивставените внатрешни динамики на двете земји кои го одржуваат тоа. Тоа ќе ги истражи новите фактори на оваа комплексна геополитичка игра, како што е подемот на Кина. И ќе заклучи што можеби треба да биде направено да се одвлечат двата ривали од маѓепсаниот круг во кој се вовлечени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати