ВМРО-ДПМНЕ: Стратегијата за мигранти и бегалци ги загрозува безбедносниот и економскиот систем на државата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во пишаната реакција на соопштението на СДСМ го повтори ставот дека со стратегијата за мигранти и бегалци во опасност се доведува целокупниот безбедносен, здравствен и економски систем во државата и оти приоритет на власта треба да бидат граѓаните на Република Македонија.

Според партијата, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се обидува да го игнорира мислењето на народот и да спроведе стратегија спротивно на волјата на народот.

– Македонија од транзитна земја ќе стане земја во која постојано ќе се населат мигрантите. Според планот во стратегијата мигрантите ќе добијат право на државјанство со што ќе станат обврска на државата за нивна грижа за вработување во ситуација кога се уште невработеноста во Македонија е голема. ВМРО-ДПМНЕ се залага приоритет да биде грижата за граѓаните на Република Македонија и за нив да се обезбедат подобри услови за живот, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ