Вработен во Агенцијата за разузнавање приведен на стадионот под дејство на алкохол

Од:

25-годишниот Благојче Ристовски, вработен во Агенцијата за разузнавање, бил приведен вчера пред почетокот на синоќешниот натпревар на стадионот, објави „Макфакс“.

Неофицијално, при редовниот преглед на билетите на влезот на Градскиот стадион, Ристовски им пришол на полицајците и започнал да се расправа со нив зошто толку долго траел прегледот и го оттурнал лицето врз кое во тој момент се вршел прегледот, а потоа го турнал и полицаецот што правел проверка.

Од полициски извори дознаваме дека кога започнале другите полицајци да интервенират, Ристовски извадил службена легитимација дека е вработен во Агенцијата за разузнавање. Бидејќи Ристовски давал отпор и не можеле да го разубедат да се смири, бил совладан и врзан со лисици.

Неофицијално, бил одведен во Полициска станица Кисела Вода, каде што му бил направен алкотест, кој покажал 1,06 промили алкохол во крвта. Според нашите информации, бил повикан и јавен обвинител, кој дал насока настанот да се третира како спречување службено лице во вршење службено дејство.

МВР сè уште го нема утврдено идентитетот на лицето врз кое се вршел прегледот бидејќи тој влегол на стадионот да го следи натпреварот.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски