ВМРО-ДПМНЕ му порачуваат на Црвенковски дека на власт се доаѓа со избори

Од:

Целата денешна прес – кофнеренција на Бранко Црвенковски се сведува на само една работа. Бранко Црвенковски сака да дојде на власт, стои во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.

Од ВМРО – ДПМНЕ му порачуваат на Црвенковски дека на власт се доаѓа со избори, власта ја избира народот, а не со насилство, со закани, со напад врз претседател на Собрание и со обид за насилен преврат.

– Вашето однесување личи на се, но не личи на однесување на политичар во европска држава. Г-не Црвенковски власта ја избира народот, а не твоите најблиски и од тебе зависни соработници. Г-не Црвенковски вие тргнавте да се пресметувате и да се тепате со сопствениот народ. Вие дадовте наредба да се непадне претседателот Велјановски. Дадовте наредба да се узурпира и завземе Собранието на Република Македонија. Г- Не Црвенковски вие дадовте наредба да бидат напаѓани пратеници. Вие дадовте наредба да биде ставено вон функција Собранието, кое е избрано од граѓаните, се подвлекува во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.

Наместо и понатаму да се заканува, укажуваат од ВМРО – ДПМНЕ во реакцијата, Црвенковски денеска најмалку што требаше да направи беше да и се извини на целата македонска јавност.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ