Делегација на Владата, Министерството за одбрана и на АРМ положија цвеќе на спомен обележјата кај Карпалак

Од:

Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од министерот Горан Сугарески, денеска, во Прилеп, оддаде почит и положи свежо цвеќе на спомен обележјата на загинатите припадници на резервниот состав на АРМ во 2001 година.

По повод 16-годишнината од загинувањето на прилепските воени резервисти во 2001 година делагација на Министерството за одбрана и на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, во состав полковник Климе Стојановски, полковник Душко Несторовски и Државниот секретар Драган Николиќ, како предводник на делегацијата, положија венци свежо цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак на автопатот Скопје – Тетово.

Свежо цвеќе на спомен обележјето положија и делегации на Претседателот на Република Mакедонија, на Собранието, како и членови на семејствата на загинатите воени резервисти и претставници од составот на резервните воени обврзници.

Би можело да ве интересира

Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот – мирот се гради со одговорност, а не со поделби

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме

Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои

СДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак

Горан Наумовски

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања