Јовановски: Апелација отвори врата за нелегално прислушкуваните разговори да се користат како докази

Од:

„Судот и правосудните органи во Република Македонија се под сериозен притисок на новата власт на СДС, да донесуваат политички нарачани одлуки.

Под овој срамен притисок подлегна Апелациониoт суд, и донесе незаконска и скандалозна одлука со која отвара врата за нелегалните прислушкуваните разговори да бидат користени како докази во кривична постапка.

Одлуката на Апелација е целосна незаконска и во спротивност на член 12 став 2 од Законот за кривична постапка, кој вели дека доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија и мегународните договори не можат да бидат користени како докази во постапка и врз основа на истите не може да се заснова судска одлука.

Судиите од апелацискиот суд се ставија во улога на заштита на Заев и неговите штетни политики.

Тие донесоа одлука која треба да биде димна завеса од која што се надеваат и тие и СДС дека народот нема да го види штетниот договор со Бугарија, откажувањето од македонското малцинство кај нашиот сосед, опасност од измена на учебници и бришење на македонската историја.

На судиите од апелација побитно им беше да се додворат на Зоран Заев и на Красимир Каракачанов и Божидар Димитров, отколку да ги почитуваат законите и правото.

Судиите плукнаа врз своите дипломи за да одработат за Божидар Димитров да може да оценува какви ќе бидат македонските учебници.

Ваков незаконски преседан е невиден во светски рамки. Ваквата незаконскаа одлука е штетна за македонското судство и општество, бидејќи праќа јасна порака дека и законите можат да бидат погазени и заобиколени, кога се работи за притисок од страна на Заев и Катица Јанева.

Сите инволвирани во кршењето на законите мора да знаат дека секој оној кој работи против Уставот и законот и ги крши истите за само да му се додвори на Заев ќе сноси одговорност и ќе одговара за своите постапки, кога во Македонија ќе се врати правната држава и принципот на владеење на правото, а тоа ќе биде многу брзо, уште на локаните избори СДС ќе биде поразен и делегитимиран“, изјави Крсте Јовановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски