Децата често знаат како да се носат со своите емоции, а кога се лути и незадоволни, немоќни да сторат што било друго, почнуваат да ги удираат луѓето околу себе.
Тие често ги удираат браќата, сестрите и другарите кога не им даваат некоја играчка или нешто не им е по волја.
Родителите овие ситуации ги решаваат помалку или повеќе успешно, но проблемот се случува кога и тие ќе станат „цел“ на изразување на незадоволството.
Најдобар начин да одговорите на ударот е цврсто, никако грубо, да ја стегнете раката на детето и да кажете нешто во стил: „Не смееш да ме удираш! Знам дека си лут, но не можеш да ме тепаш. Тоа боли!“
Важно е ова да го изговорите со цврст глас, бидејќи го учите на правилно однесување. Така му покажувате дека знаете како се чувствува и дека неговото незадоволство или бес не се проблем, туку начин на кој ги изразува.
Во ваквите ситуации треба јасно да му ставите до знаење на детето, кое однесување е прифатливо, а кое не е. Дури потоа можете да го научите како да ги искажува своите чувства на вистински начин.