Група истражувачи од Јапонија измислија сладолед што не се топи, кој е идеален за високи температури.
Важна состојка на ваковиот сладолед до која дојдоа научници од Центарот за истражување на развојот на биотерапијата во јапонскиот град Каназава, е полифенолот, екстракт од јагоди.
На ова му претходеа напори да се помогне на засадите на јагоди во случај да дојде до природни катастрофи. Истражувачите замолиле еден готвач да експериментира со екстрактот од јагоди.
Откако тој им се пожалил дека слатката павлака се стврднува кога во неа додава полифенол, тие сфатиле дека маслото и водата поради полифенолната течност не можат да се разложат, па благодарение на таа состојка направиле сладолед што не се топи.
– Сладоледот кој ја содржи оваа состојка може да ја задржи оригиналната форма подолго време отколку обичниот сладолед, рече шефот на истражувачкиот тим Томихиса Ота.
Јапонски новинари експериментирале со сладоледот и го чувале на сонце на температура од 28 степени, но тој и по три часа ја задржа својата форма.
Производството на сладолед кој нема да се топи веќе почна во Јапнија, а ова задоволство чини 4,5 долари.