Секој родител се соочил со потешкотијата да се избори со хистериите на своето дете. Може и вам ви се случило детето да почне да плаче во продавница, додека сите гледаат во вас и дури и на глас ве осудуваат, а вие размислувате дали некаде сте згрешиле во воспитувањето.
Замислете тогаш како и е на мајката, чија ќерка има пореметување на вниманието. Тејлор Мејерс знае како изгледа оваа ситуација и затоа сакала да ја подели со останатите мајки.
– Стотина пати сум излегувала од продавница поради неа. Таа е неуморна, ја започнува Тејлор приказната за својата четиригодишна ќерка Софи и раскажува како еден напад на импулсивноста и хистеријата од страна на девојчето се претворил во убав момент.
– Стоев во ред во Волмарт и чекав да платам се што ставив во корпата, а Софи стоеше/седеше/трчаше и се жалеше што и ја земав кесичката со грицки, а потоа ме нарече г__но, напиша Мајерс на Фејсбук.
– Поради АДХД пореметувањето, таа се фаќа за работи, кои ги смета за неправедни и погрешни и не престанува се додека на крајот не заспие или не се случи нешто толку драматичо за да и го сврти вниманието од темата со која е опседната, вели мајката.
Откако Тејлор неколку пати и рекла на својата ќерка да седне, жената која стоела во редот зад нив рекла: „Госпоѓо дајте и ги грицките и конечно замолчете ја!“.
– Можев да одговорам пољубезно. Можев да објаснам дека мојата четиригодишна ќерка има прилично сериозна форма на АДХД, дека сама одгледувам две деца, дека давам се од себе и дека немам друг избор освен да чекам тука во ред, пишува Мејерс.
– Наместо тоа слушнав како ми излегува од уста: „Таа е четиригодишно дете и би требало да си ја гледаш својата работа“, додава таа.
Додека солзи и течеле по лицето го напуштила редот пред касата и преминала во друг, за да избегне натамошна расправија, а потоа им пришла друга жена. Меѓутоа таа на Софи и поставувала прашања и разговарала со неа.
– Искрено оваа жена покажа таква љубезност и сочувство, како што досега не сум видела. Доволен е еден коментар за да скршите некого. Никогаш не знаете низ што минува некој. Никогаш не знаете какви проблеми има детето и поради што така се однесува, освен ако не ја знаете битката на одгледување дете како моето не можете да осудувате. Но исто така е потребен само еден љубезен гест мајката да почувствува утеха и вредност, раскажа Тејлор и и се заблагодари на непознатата жена на нејзината љубезност.
– Мајките мора да се држат заедно, заклучи таа.