Димовски: Фактот дека Владата потпиша штетен договор со Република Бугарија е се поголем

Од:

СДС дејствува и склучува договори без да ги има во предвид македонските државни и национални интереси. Договорот со Бугарија е класичен пример за немање на одговорност кон сопствената држава, изјави денеска пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ, посочи тој, не е против договор за добрососедство, но сметаме дека тој треба да се базира на темели на заемно почитување, каде двете договорни страни нема да се чувствуваат оштетени. Нагласи дека Договорот со Бугарија е чиста спротивност на тоа и создава чувство кај македонските граѓани дека тие се оштетени и губитник од договорот.

– ВМРО-ДПМНЕ како конструктивен фактор предложи во договорот да бидат вметнати предлози кои ќе бидат прифатливи за граѓаните на Македонија и нема да создаваат чувство на губитник. Но, СДС опиен од својата неодговорност не прифати ништо, не се ни обиде да постигне подобар договор, рече Димовски.

Според член 11, став 5 од договорот кој Заев го склучи со Борисов, Заев и Владата на СДС, потенцира Димовски, доброволно се откажуваат од Македонците во Бугарија.

– Ставот гласи: Република Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статусот и правата на лица што не се државјани на Република Македонија, рече Димовски и додаде дека уште еднаш ги повикуваат пратениците на СДС да не дадат поддршка на договорот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ