Општина Центар ја заврши реконструкцијата на три улици во Буњаковец

Од:

Tриесет години старите улици „Апостол Гусларот“, „Борка Талески“ и „Стеван Јакимов Дедов“ конечно добија нов лик.

Деновиве интензивно се работеше и ударните дупки кои создаваа големи проблеми на возилата во сообраќајот, но и на пешаците и нивната безбедност сега се минато, и движењето се одвива нормално по реконструиран коловоз, известија од Општина Центар.

Вкупната должина на која се рехабилитираше коловозот со гребење и поставување на нов асфалт е на 2500 м2.

Ова се три значајни улици и со ова oпштина Центар ги доврши отпочнатите активности за обновување и санација на улиците и просторот во населба Буњаковец, во делот околу основното училиште „Ј.Х. Песталоци“.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец