Здравје во кора од портокал

Од:

Кога станува збор за овошјето, кората во голем број случаи ја фрламе, бидејќи од неа нема никаква корист или, не сакаме да ја јадеме. Меѓутоа, експертите тврдат дека кората од портокал е добра за здравјето и за убавината.

Една од најдобрите здравствени придобивки од кората од портокал е тоа што таа има за 200 проценти повеќе влакна отколку самиот плод од ова овошје.

Па затоа ако имате чести проблеми со варењето, пробајте чај од кора од портокал. Прво оставате ја кората да се исуши, па во врела вода ставете цела кора и оставете да отстои 15 минути. Овој напиток може да биде ефикасен лаксатив.

Поубав здив – Заборавете на силните гуми за џвакање или ментол бонбони. Џвакањето кора од портокал ќе ви помогне во борбата против лошиот здив.

Ги јакне коските – Малку е познато дека кората од портокал има двапати повеќе калциум отколку самиот портокал. Во 100 грама кора се наоѓа повеќе од 150 мг калциум, додека во 100 грама портокал се наоѓа само 50 мг калциум, а калциумот е од суштинско значење за здравјето на коските и на забите.

Го штити срцето – Постојат многу активни состојки во кората, а една од нив – флавоноидот хесперидин, е одличен антиоксиданс кој го штити срцето така што го намалува крвниот притисок, кој е главен причинител за срцеви болести. Состојките од кората го намалуваат и холестеролот, па затоа таа штити и од кардиоваскуларни проблеми.

Против воспаленија – Воспаленијата го зголемуваат ризикот од настанување на други здравствени проблеми, како што се лупус, артритис…Тие кои имаат акутно воспаление често успеваат да го ублажат така што во секојдневната исхрана ќе ја вклучат кората од портокал.

Против рак – Поради тоа што има силни антиоксиданси и флавоноиди, кората од портокал го намалува ризикот од настанување на рак, а може да биде и помошно средство за лекување од оваа тешка болест.

Го јакне имунитетот – Витаминот Ц е од огромно значење за целокупното здравје. Редовниот внос на витамин Ц го подобрува здравјето и помага во побрзо излекување од настинката, инфекциите, главоболката. Во исто време витаминот А, уште еден витален нутритиент во кората од портокал, помага во јакнење на имунолошкиот систем.

Како се конзумира кората од портокал?

– Едно од највусните решенија е чајот од кора од портокал.

– Можете едноставно да ја џвакате кората, а експертите советуваат прво да почнете со помали количини, бидејќи таа има интензивен вкус.

– Кората изрендајте ја врз овошна салата или десерт.

– Ставете ја кората во шеќерен сируп и оставете ја да отстои во фрижидер.

– Кората и темното чоколадо се вкусна комбинација.

Иако се смета дека пестицидите и фунгицидите од овошјето, особено она кое ни стигнува од другиот крај на светот и има рапава кора, невозможно е во целост да се измие, сепак можете да го измиете така што овошјето ќе го оставите во сад со сол и вода во текот на ноќта.

Некои го прават растворот и од шолја вода, шолја оцет, лажица сода бикарбона и 20 капки екстракт од семки грејп.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска