„Вечерње новости“: Собранието може да усвои резолуција за Косово

Од:

Кабинетот на српскиот претседател подготвува нацрт принципи од платформата за Косово, кои по усогласувањето со Владата, ќе бидат вградени во собраниска резолуција, пишува денеска белградскиот весник „Вечерње новости“.

Како што пренесуваат извори за весникот, тие точки ќе бидат во суштината на декларацијата која по новогодишните празници, треба да ја усвои Народното собрание. Тој документ ќе даде насоки на преговарачкиот тим кога на ред ќе дојде прашањето на конечниот статус на Косово, а желбата на државниот врв е текстот да добие широка поддршка од пратениците, додаде весникот.

– Владата се стреми кон резолуција која би се фокусирала на пет клучни принципи: непризнавањето на независноста на Косово, дипломатска борба за посебен статус на Северот и гаранции на колективните и индивидуалните права на Србите во енклавите, заштита на државниот имот и духовното богатство и продолжување на техничкиот дијалог како услов за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ, наведува „Вечерње новости“.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија