Во седиштето на УЕФА денеска беше извршено извлекувањето на двојките за баражот за Лигата на шампионите.
Победниците од 10-те двојки ќе се пласираат во натпреварите од групната фаза од ова натпреварување. Поранешниот европски шампион Ливерпул за да се избори за пласман во групите ќе мора да го мине германскиот тим Хофенхајм, а данскиот првак Копенхаген, кој го елиминираше Вардар ќе игра против Карабах од Азербејџан.
Во баражот двојките се: Карабах – Копенхаген, АПОЕЛ – Славија Прага, Олимпијакос – Риека, Селтик – Астана, Хапоел Бер Шева – Марибор, Башикшехир Истанбул – Севиља, Јанг Бојс – ЦСКА Москва, Наполи – Ница, Хофенхајм – Ливерпул и Спортинг – СБ.
Првите натпревари се играат на 15 и 16.август, а реванш дуелите на 22 и 23.август.