Во Дебарско за субвенции аплицирале над 500 земјоделци

Од:

Повеќе од 500 земјоделци од општините Дебар и Центар Жупа, како и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, досега доставиле барања за субвенции во Подрачнатата единица на Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство во Дебар.

Според Арбен Муладаути, овластен раководител на единицата, се очекува бројот на барања дан биде поголем бидејќи се дава можност да може да се аплицира и по електронски пат. Лани, субвенции добиле над 900 земјоделци со вкупен износ од околу милион евра.

– Благодарение на финансиската поддршка што ја дава државата во последните години зголемени се површините кои се обработуваат, како и бројот на стадата овци. Колку за илустрација, наместо околу 20.000 грла овци, колку што во подрачјето имаше пред шест-седум години, сега има над 40.000. Освен што се зголемуваат обработливите површни во индивидуана сопственост, се зголемуваат и површините земени под концесија, а се во државна сопственост и тие сега изнесуваат 134 хектари, рече Муладаути.

Тој посочува дека повикот е отворен до 15 септември и оти сите потребни информации може да се добијат во Подрачната единица каде на земјоделците им помагаат и во пополнување на барањата.

Би можело да ве интересира

Шпиц во наводнувачката сезона, земјоделците бараат повеќе вода и ред при наводнувањето

Надминат проблемот со наводнување на земјоделските површини во Овче Поле

Оризовите ниви во Кочанско половина месец оставени без вода, земјоделците протестираат

Земјоделците од Светиниколско го блокираа експресниот пат Штип – Велес

Горан Наумовски

Земјоделците од Овче Поле утре излегуваат на протест

Националната мрежа на земјоделци бара итна средба со Владата за цената на житните култури