Норвешка и Словенија држави во кои децата живеат најдобро

Од:

Најдобри земји за живеење на децата се Словенија и Норвешка, според извештај на организацијата Save the children.

Детството е многу важен дел од животот затоа што тогаш се формираме и стануваме она што ќе бидеме во подоцнежните години. Детството треба да биде период без грижи, но за многумина за жал не е така.

Во извештајот се нагласува дека за 700 милиони деца во целиот свет детството прерано завршува.

Оваа организација изготви извештај за условите во кои растат децата во 172 држави во целиот свет. Во однос на тоа каков е квалитетот на живеењето на децата, колкава е стапката на морталитет, ухранетоста и слично составена е листа на држави во кои е најдобро или налошо да се биде дете.

На листата на десетте земји, каде детството е најмалку загрозено се Норвешка, Словенија, Финска, Холандија, Шведска, Португалија, Ирска, Исланд, Италија, а десеттото место го делат Белгија, Кипар и Германија, затоа што сите три земји имаат по 978 од 1.000 бодови.

Најлошите земји за растење на децата се Конго, Гвинеја, Сиера Леоне, Буркина Фасо, Јужен Судан, Чад, Сомалија, Централноафриканската Република, Мали, Ангола и Нигер.

Тоа што е изненадувачки е дека САД не се влезени во топ десетте најдобри земји за растење на деца, па дури ниту во првите 20. Тие се најдоа на 36-то место зад Босна и Херцеговина и пред Русија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска