Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, Работнички, го дозна противникот во квалификациите во ФИБА Еврокупот.
Работнички во првата рунда ќе се сретне со рускиот тим Парма од Прем, екипа која беше едена од најнепосакуваните ривалите за тимот на „Градски парк“.
Екипата на Парма минатата сезона настапуваше во регионалната ВИТБ-лига каде имаше очаен скор од само една победа и 23 порази, но овој клуб во меѓувреме се засили со неколку квалитетни кошаркари.
– Не можеше да добиеме потежок противник. Свесен сум за нивниот лански скор од ВТБ, но мора да се истакне дека тоа им беше прва сезона и оттогаш се многу подобро организирани, но и посериозно засилени на играчки план. Тие во меѓувреме се засилија со двајца исклучително квалитетни Американци и еден Летонец, така што сигурно ќе бидат фаворити во дуелите со нас. Како и да е, Работнички сигурно нема да се предаде, ќе се обидеме да одиграме најдобро што знаеме и ќе дадеме се од себе за да го изненадиме рускиот состав, изјави Марин Докузовски, тренерот на Работнички.
Првиот натпревар на програмата е на 20 септември во Русија, додека реваншот е седум дена подоцна во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“.
Ако Работнички ја мине оваа рунда, во следната ќе играат против францускиот тим Л’Портел.